Tuesday, February 3, 2009

Mentally challenged individual manipulated by Greeks

Thanks to the very active Greek lobby in reference to Macedonia even Brussels learned the false story for the so-called arrest of Macedonian blogger who is spreading pro-Greek propaganda on the internet and with flayers in Skopje, Macedonian Nova Macedonia newspaper informs.
The edition informs the arrested blogger is mentally ill and taken to the local psychiatric hospital not in Skopje’s prison as Geek media informs.
Nova Macedonia published statement of blogger’s mother who says her son was treated actively in the psychiatric hospital, because he is sick.

Грција со лажна приказна ја обвини Македонија за иредентизам
(Greece acccuses Macedonia of irredentism with false stories)


Автор: Ивана Костовска

Благодарение на хиперактивното грчко лоби кога станува збор за Македонија, дури до Брисел стигна лажната приказна за наводното апсење на македонскиот блогер што шири прогрчка пропаганда на Интернет и лепи пропагандни летоци по Скопје. Откако грчки пратеник од ПАСОК ја обвини Македонија за екстремен национализам зашто наводно македонската полиција уапсила блогер што имал прогрчки ставови, деновиве и грчката Панмакедонска организација од САД со писмо до Брисел побара „Македонија да го ослободи членот на Словенската филхеленска мрежа и да престане со опасното иредентистичко однесување кон своите соседи“.

„Нова Македонија“ откри дека нема вистина во приказната што Грција ја донесе и во Европската Унија во обид да ја обвини Македонија за иредентизам кон соседните држави.

Уапсениот блогер всушност е душевно болно лице што било однесено на лекување во психијатриската болница „Бардовци“, а не во скопски затвор, како што пишуваа грчките медиуми.

Неговата мајка вчера беше вџашена од информациите што ги пласира Грција дека нејзиниот син наводно е уапсен од полицијата поради прогрчка пропаганда.

- Со асистенција на полицијата мојот син минатата недела беше однесен на присилно лекување во психијатриска болница зашто е болен. Првпат слушам дека некој во Грција реагирал дека е уапсен од полицијата поради прогрчки ставови. Можеби пишувал нешто на Интернет со цел да го спречи лекувањето - објаснува таа.

И од „Бардовци“ потврдуваат дека минатата седмица на лекување било донесено лице со таков идентитет. Соседите на блогерот објаснуваат дека полицијата пред две години интервенирала поради неговото проблематично однесување предизвикано од болеста.

Информацијата за наводното апсење прв на Интернет ја објави самиот блогер, кој напишал дека полицијата наводно го претресува неговиот стан и се подготвува да му стави лисици. На популарниот интернет-форум „Фејсбук“ се собира поддршка за негово ослободување. МВР во петокот демантираше дека полицијата уапсила блогер што шири пропаганда во корист на нашиот јужен сосед.

Грчката Панмакедонска асоцијација од САД деновиве ги информираше европратениците во Брисел дека „полицијата влегла во станот и најверојатно го уапсила членот на Словенската филхеленска мрежа поради неговата посветеност на подобрување на словенско-грчкото пријателство и силните критики на псевдомакедонизмот“. Во потрага по блогерот се впуштија и грчките пратеници, убедени дека македонската полиција го уапсила поради прогрчките ставови. Дури и пратеникот на опозицискиот ПАСОК Маркос Боларис обвинувајќи ја Македонија за екстремен национализам преку пратеничко прашање побара од Дора Бакојани, шефицата на грчката дипломатија, да дознае зошто е уапсен блогерот.

Овој пред две години на нотар заверил изјава дека е убеден во вистинитоста на тврдењето дека „државата што е создадена од Македонците и припаѓа на грчката политичка историја, а тие самите кон грчкиот народ и кон етничкото подрачје (Хелада) Грција. Од 2 век п.н.е. до 6 век н.е., кога почнуваат словенските населувања на Балканот, Македонците остануваат Грци што зборуваат грчки јазик“. Ваквите ставови тој ги објавува и на сајтот на Словенската филхеленска мрежа, а неодамна низ Скопје осамнаа прогрчки пропагандни летоци на кои беше потпишана оваа организација.


Идентитет

Васко Малиновски, Васил Глигоров, Васко Глигоријевиќ, Васко Глигоров, Васил Глигориевиќ... се имињата под кои блогерот веќе неколку месеци води активна антимакедонска кампања на Интернет. Поради тоа минатата недела беше тешко да се одреди неговиот вистински идентитет и место на живеење. Овој човек на Интернет се претставува како истражувач на историјата и на етнолошкиот идентитет на македонското население. Блогерот објави на Интернет дека македонската полиција го претресува неговиот стан и дека се подготвува да го уапси. Неговата мајка изјави дека полицијата асистирала при неговото носење на лечење во психијатриската болница во Скопје „Бардовци“. На популарниот интернет-форум „Фејсбук“ неговите грчки пријатели веќе собираат потписи за поддршка под мотото „Слобода на Глигориевиќ во ФИРОМ“. Пратеник на ПАСОК побара од Бакојани да дознае зошто е уапсен Глигоров или Глигориевиќ и рече дека „екстремниот национализам во Скопје не толерира еден активен граѓанин што настапува со аргументи против националистичкиот делириум на господинот Груевски“.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&EditionID=306&top=1&ArticleID=17062

His mother was shocked by the claims placated by Greece that her son was arrested by the police due to his pro-Greek position.

"With the assistance of the police, my son was taken to the psychiatric hospital for treatment because he is ill. For the first time I am hearing news that someone in Greece claimed that he is arrested due to his pro-Greek position. Maybe he wrote something on the internet to stop his treatment"- said his mother.

From the Bardovci psychiatric hospital we have confirmation that this individual was received for treatment. The neighbours of this blogger explain that the police intervened two years ago due to his problematic behavior caused by the illness.

1 comment:

Anonymous said...

Hello Everybody,
My name is Mrs Sharon Sim. I live in Singapore and i am a happy woman today? and i told my self that any lender that rescue my family from our poor situation, i will refer any person that is looking for loan to him, he gave me happiness to me and my family, i was in need of a loan of $250,000.00 to start my life all over as i am a single mother with 3 kids I met this honest and GOD fearing man loan lender that help me with a loan of $250,000.00 SG. Dollar, he is a GOD fearing man, if you are in need of loan and you will pay back the loan please contact him tell him that is Mrs Sharon, that refer you to him. contact Dr Purva Pius,via email:(urgentloan22@gmail.com) Thank you.